Во Косово во текот на вчерашниот ден се регистрирани нови 26 случаи на заболени од Ковид-19, како и осуммина кои се излекувани, откако претходно биле дијагностицирани како заразени од новиот коронавирус, објави синоќа Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) во својот 24-часовен извештај за состојбата со заразата во земјата
Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократската партија, Љуљзим Баша оцени дека преземените мерки од страна на Владата не се доволни.
Во однос на денешните податоци за ситуацијата со Ковид-19 во Грција, претставникот на Министерството за здравство, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас соопшти дека се регистрирани само 15 нови случаи, со што вкупниот број заразени со коронавирусот во земјата е 2.207 лица.
Српскиот министер за финансии Синиша Мали на денешната прес-конференција изјави дека Владата на Србија донесе три важни документи, што се однесуваат на примена на мерките за економска поддршка на стопанството со цел да се ублажат негативните последици од Ковид-19.
Словенечкиот претседател Борут Пахор им се извини на граѓаните, бидејќи за време на неговата вчерашната посета на границата кон Хрватска, не носеше заштитна маска цело време.
Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се четири нови смртни случаи, тројца мажи и една жена, со што вкупниот број на починати се искачи на 103 лица, (71 маж и 32 жени) со смртност во однос на заразените од 1,9 отсто.
Во Албанија регистарирана е уште една жртва од Ковид-19, со што бројот на починатите се зголеми на 26 лица.
Европската федерација на новинари (ЕФЈ) оцени дека Србија вовела лоша пракса за одржување прес конференции за време на пандемијата на коронавирус, на кои не присуствуваат новинари, туку мораат однапред да испратат прашања.
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека државата во борбата против новиот коронавирус покажала дека е подготвена да реагира навремено, компетентно и ефикасно
Група од дваесет и еден европратеник испрати писмо до комесарот за проширување Оливер Вархели во врска со „исклучително загрижувачка состојба со човековите права во Србија“