Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се пет нови смртни случаи, двајца мажи и три жени, на просечна возраст од 69 години, со што вкупниот број на починати изнесува 99 лица, со смртност во однос на заразените од 2,03 отсто.
Претставници на американската армија и на НАТО штабот во Сараево денеска доставија медицински материјали и средства за дезинфекција за Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина.
Бугарите настојуваат да купуваат јајца од домашни кокошки, бидејќи веруваат дека одгледувањето кокошки во кафези треба да се преиспита.
Антисептици, додатоци на исхрана, влажни марамчиња и етил алкохол се главните производи за кои има зголемена побарувачка и купување од потрошувачите во грчките супермаркети според податоците од компанијата за истражување на пазарот „IRI“, пренесени од грчката новинска агенција АНА-МПА.
Лидерот на Демократкиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа вели дека изјавите на европратеничката и известувачка за Косово во Европскиот парламент (ЕП) Виола вон Крамон Таубадел се беспримерни, бидејќи таа не смее да се меша во политичките состојби и да држи страна никому во земјата за која известува, јави дописникот на МИА од Приштина.
Министерот за одбрана на Црна Гора Предраг Бошковиќ, во пресрет на денешната министерска средба на НАТО, рече дека она што е побарано од Алијансата како помош во заштитата од коронавирусот, засега не е потребно.
Тачи во писмото до Курти нагласува дека „граѓаните на Косово и политичките партии во земјата со право очекуваат од претседателот да именува нов мандатар“ и најавува дека тоа ќе го направи наскоро, согласно неговите уставни надлежности.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека „не може да прави исклучоци и ќе го замоли патријархот на СПЦ Иринеј велингденските служби да се одржат без присуство на луѓе“, јави дописникот на МИА од Белград.
Словенечката Влада објави дека дополнително ќе го интензивира тестирањето за коронавирусот бидејќи сака да добие реална слика за тоа колку граѓани се инфицирани.
Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, на денешната прес-конференција во Брисел информираше дека Самитот ЕУ-Западен Балкан кој требаше да се одржи во мај не се откажува, јави дописничката на МИА од Брисел.