Девојчето (15) кое беше тешко повредено во земјотресот што вчера го погоди Загреб, почина денеска, изјави директорот на Клиниката за детски болести во „Клаичева“, Горан Роиќ.
Со новопотврдените 15 случаи на коронавирус, бројот на заразени со овој опасен вирус во Албанија се зголеми на 104, од вкупно тестираните 856 лица.
Истражување на Галуп покажа дека над 70 проценти од луѓето на Балканот сметаат дека коронавирусот не е толку голема закана како што се претставува. Според истражувачите, тоа можело да се очекува во регион навикнат на кризи, јави Дојче Веле.
Товарниот сообраќај на територијата на Србија за време на вонредната состојба и ограниченото движење (полицискиот час од 17-05) поради запирање на ширењето на коронавирусот, функционира без поголеми проблеми, изјави српската вицепремиерка и министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ.
Косовскиот премиер Албин Курти денеска ќе има разговор преку видео-врска со германската канцеларка Ангела Меркел, јавија приштинските медиуми, повикувајќи се на информација од советникот од редовите на партијата на Меркел, Христијан-демократската унија (ЦДУ), Бесник Кељменди.
Само со потврда, или на хартија или со порака на мобилниот телефон, на Грците од шест часот утрово им е дозволено да излегуваат од дома и тоа единствено поради неколку конкретни причини, додека пак полицијата интензивно спроведува контроли, со возила и мотори на булеварите и улиците, пеш во парковите и на плоштадите, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерството за здравство на Словенија донесе нови правилници со кои ќе се зголеми бројот на лицата кои ќе бидат тестирани за новиот коронавирус.
По земјотресот што ја погоди Хрватска вчера, Европската комисија соопшти дека е активиран механизмот за цивилна заштита на ЕУ и помошта веќе се мобилизира, јави дописничката на МИА од Брисел.
По реакцијата на лекарите од Инфективната клиника во Тирана, албанското Mинистертво за здравство објави ново соопштене,во кое стои дека 61-годишниот пациент од Тирана не починал туку дека преживеал клиничка смрт
Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени два нови случаи на заразени со новиот коронавирус, со што вкупниот број се зголеми на 128 лица