Тој посочи дека НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и ги повика страните да се воздржат од, како што наведе, дестабилизирачка реторика и акции.
Тој додаде дека политиката за проширување на ЕУ е повторно на дневен ред, што, како што рече, е една од последиците на руската војна во Украина
Владата на Црна Гора треба да ја поддржи резолуцијата на Обединети нации за геноцидот во Сребреница, да биде нејзин коспонзор, како и да даде недвосмислена поддршка за влезот на Косово во Советот на Европа, се наведува во заклучоците на 3. Форум во Цетиње.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени
Кинескиот претседател Си Џинпинг би можел да ја посети Србија на 7 мај, на денот на 25-годишнината од нападот на НАТО врз кинеската амбасада во Белград, пренесува Блумберг.
„Велигденска кошничка“ содржи јагнешко и козјо месо, милиброд и велигденски чоколадни јајца, а ќе биде во сила до 4 мај 2024 година
Српската полиција приведе 17 лица членови на две организирани криминални групи, поради сомнение дека со фалсификување дипломи и злоупотреба на службената положба во три министерства проневериле над 12 милиони динари.
Тој додаде дека не сака да потсети дека Србија го поддржала изборот на Словенија во Советот за безбедност и дека ваквите потези на Словенија во меѓународните организации ги нарушуваат нашите билатерални односи
Во Албанија денеска почна имплементацијата на законот за кривична амнестија, со која корист имаат 1200 осудени лица, од кои 800 ќе бидат веднаш ослободени, додека 400 ќе имаат намалена казна.
Според претседателот на Парламентот, Константинос Тасулас, Кривичниот законик предвидува дека оној кој ќе изврши насилство врз пратеник се казнува со затворска казна до десет години.