Претседателот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, ја поздрави денешната одлука на ЕП за усвојување на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан и оцени дека таа одлука добила поддршка од мнозинството европратеници покажува дека ЕП се залага за понатамошна поддршка на партнерите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ.

„Го поздравувам фактот што ЕП го усвои новиот Инструмент за реформи и раст за Западен Балкан. Со ова беше финализирана подолга фаза од преговорите меѓу Европската комисија и Советот на ЕУ и ЕП. На крајот, ова инструментот беше (поддржан од) огромно мнозинство во ЕП, што покажува дека ние во ЕП... се залагаме за натамошна поддршка за нашите партнери од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во ЕУ, на нивниот пат кон европска интеграција“, нагласи Мекалистер.

Тој додаде дека политиката за проширување на ЕУ е повторно на дневен ред, што, како што рече, е една од последиците на руската војна во Украина



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2024 05:41