Бројот на гласачи во Белград се зголемил за 666 во претходните три месеци, а во Нови Сад за 738, јави Н1, повикувајќи се на податоците на српското Министерство за државна управа и локална самоуправа.
Српската Влада најавува дека во следните три години ќе бидат инвестирани 18 милијарди евра за повеќе од 300 проекти во таа држава.
За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници - до 90 дена за имателите на пасоши издадени од Координативната управа на Србија, 97 беа против, а 94 беа воздржани.
Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, денеска соопшти дека неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони „Рафал“.
За измени на законот гласаа 168 пратеници, меѓу кои и пратеници од опозицијата, односно партиите кои донесоа одлука за учество на белградските избори во јуни.
Тој оцени дека СДП е губитник на изборите, а нивниот кандидат за премиер, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ е прекршител на уставот.
За убиството на полицаец во декември минатата година за време на одбојкарски натпревар во Атина, но и за други инциденти поврзани со спортско насилство, грчката полиција уапси 67 лица, кои утрово ќе бидат изведени пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина.
Вучиќ изјави дека Србија е отворена за дијалог и преговори и дека за шест месеци колку што траеле подготовките за усвојување на резолуцијата никој за тоа не ја известил Србија, ниту дел од Босна и Херцеговина и дека се е направено во тајност, а неопходно е тој процес да биде инклузивен.
Пленковиќ ги демантираше тврдењата на опозицијата дека тоа е „бегство во Брисел““ и додаде дека ХДЗ е победничката листа на оние кои навистина работат за Хрватска да биде посила во Европа.
-Замислете, најпопуларен политичар во Македонија не е Албин Курти, туку претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој притоа нема никаква кампања во Македонија. Се извинувам како претседател на Србија што нашиот државјанин вака се однесува на меѓународна сцена, рече Вучиќ. .