Српската Влада најавува дека во следните три години ќе бидат инвестирани 18 милијарди евра за повеќе од 300 проекти во таа држава.
- До 2027 година ќе бидат инвестирани 18 милијарди евра во повеќе од 300 проекти во Србија, како дел од програмата „Скок во иднината - Србија 2027“, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии на Србија, Синиша Мали.
Тој нагласи дека тоа е многу поширока програма од самиот проект Експо, што ќе опфати инвестиција од околу 1,2 милијарди евра за изградба на нов град во Сурчин, кој, како што нагласи, ќе содржи станбен комплекс, потоа Акватик центар, Национален стадион и други.
„Стапките на раст што ги имаме ни овозможуваат да ги завршиме проектите како „Експо“, односно проектите како Србија 2027. Целосно сме на пат да го постигнеме тој план, така што до крајот на 2027 година, како што вети претседателот Вучиќ, ќе имаме просечна плата во Србија 1.400 евра, просечна пензија од 650 евра и минимална плата од 650 евра“, рече Мали.