Двете страни прифатија дека нивните соодветни обврски кои произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација ќе станат составен дел од нивните патишта кон европска интеграција.
Таа на почетокот на седницата рече дека тоа е од најголемо значење за двете страни и дека мора да бидат посветени на тоа.
Зголемувањето на бројот на посетители, го зголемил и бројот на приходи за 24,5 отсто, што изнесуваат 569,7 милиони евра, а порастот, како што соопштија од Банката на Грција, се должи на зголемувањето на приходите од посетителите од земјите од ЕУ за 60,2 проценти и изнесуваат 303,9 милиони евра.
Претходните недели преку социјалните мрежи беа упатени бројни закани до Лалиќ и Грухоњиќ, меѓу кои и за убиство на програмскиот директор на НДНВ и професор на Филозофски факултет во Нови Сад.
„Проширувањето е важно... Проширувањето значи голема трансформациска моќ. Ние сме претседатели на земјите кои го поддржуваат влезот на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, вклучително и Молдавија и Грузија“, изјави словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.
Досега, во пракса ја покажавме нашата помош за Украина и украинскиот народ. И премиерот реализираше соодветна посета.
Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ денеска изјави дека Србија бара спонзорите да го повлечат предлогот за резолуција за Сребреница и со тоа да придонесат за помирување во регионот, јави Бета.
На предлогот за измена на тој закон беа поднесени девет амандмани, а парламентарното мнозинство утринава одлучи за амандманите да се расправа веднаш по принципиелната расправа, така што денеска се очекува гласањето за законот.
Во денешната меѓународна полициската акција уапсени се повеќе лица во Федерацијата Босна и Херцеговина поради врски со нарко картелот „Тито и Дино“, јави сараевскиот портал Кликс , дополнувајќи дека операцијата се проширува и на Република Српска.
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европска Унија ги усвоија измените на поглавјето 35 во пристапните преговори со Србија.