Од 31 март годинава Бугарија е членка на Шенген зоната по воздушен и воден пат. Проверките на воздушната и поморската граница се укинуваат по процесот кој траеше повеќе од една деценија.
Во Хрватска денеска се очекува да започнат преговорите за формирање на владејачкото мнозинство, бидејќи ниту една партија на вчера одржаните парламентарни избори, не освои доволно мандати самостојно да формира влада.
Претходно беше соопштено дека „четворица припадници на косовската полиција се задржани во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е приведен“.
Истовремено, Американската амбасада во Сараево преку специјално соопштение предупреди дека за актуелните проблеми во БиХ е одговорен Додик, а не меѓународната заедница и дека никој не е толку наивен да верува во обвинувањата на Додик.
Стратешките резервни сили на ЕУФОР распоредени во Босна и Херцеговина во текот на месецот и во мај заедно со вооружените сили на БИХ ќе патролираат низ земјата, а не само во Пале и во источно Сараево, објави ЕУФОР.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска соопшти дека го прифаќа предлогот сите локални избори да се распишат за 2 јуни.
Во соопштението се додава дека ЕУ нагласува оти мора да се почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, уставниот поредок, вклучително и одлуките на Уставниот суд и меѓународната личност на Босна и Херцеговина.
Европската Унија го повика раководството на Република Српска да ги запре иницијативите за усвојување закони кои ќе го нарушат уставниот поредок на Босна и Херцеговина и ќе го загрозат нејзиниот европски пат.
Во соопштението на ОДИХР се наведува дека „подготвеноста на политичките партии во Србија да разговараат за подобрување на изборниот процес е охрабрувачка, но сè уште е потребен значителен дијалог и подлабока посветеност за да се надминат разликите.
Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.