Директорот на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Матео Мекачи изјави дека планираат од 29 април да отворат набљудувачка мисија за изборите во Белград, во која ќе бидат вклучени експерти и долгорочни набљудувачи, како и краткорочни набљудувачи кои би пристигнале неколку дена пред изборите.

Мекачи беше во дводневна посета на Белград при што се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, претставникот на Владата, Милош Вучевиќ, претставници на владејачките и опозициските партии, и со претставници на Републичката изборна комисија (РИК) и со невладиниот сектор.

Во соопштението на ОДИХР се наведува дека „подготвеноста на политичките партии во Србија да разговараат за подобрување на изборниот процес е охрабрувачка, но сè уште е потребен значителен дијалог и подлабока посветеност за да се надминат разликите.

- Неопходен е инклузивен и транспарентен процес за да се обезбедат позитивни резултати кои ќе бидат од корист за српскиот народ сега и во иднина, посочи Мекачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2024 17:21