Грција првпат е домаќин на конференција што главна цел има заштита на океаните, а министри за надворешни работи, земјоделство и животна средина и енергија, на прес-конференција во грчкото МНР денеска ги презентираа деталите.
Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека Босна и Херцеговина можеби нема да „преживее“ како единствена земја поради навестеното усвојување на резолуција за Сребреница во Генералното собрание на ОН .
Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ на Западен Балкан која не се усогласи со двете нови надворешнополитички одлуки на Советот на ЕУ донесени поради Украина и сериозно кршење на човековите права.
Од 1 јуни, право на бесплатен јавен превоз ќе имаат граѓаните кои живеат во Загреб, а кои имаат 65 години и повеќе, соопштија од Градот.
Српска листа вели дека e особено разочаранa од односот на германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, кого го смета за еден од дипломатите кои се „заслепени од љубовта кон авторитарниот антисрпски режим на (косовскиот премиер) Албин Курти“.
Во изјава за неколку приштински медиуми, амбасадата наведува дека „демократското учество во гласањето прави водачите да бидат претставници на народот на кој му служат“.
Европската интеграција на Западен Балкан нема алтернатива и напредокот на земјите од регионот не треба да излезе од фокусот на европските институции, рече Румен Радев, цитиран во соопштението.
Комитетот за внатрешни работи, правда и граѓански слободи на Европскиот парламент утре треба да го усвои извештајот на известувачот за укинување на визите за граѓаните на Косово со српски пасош, Матјаж Немец.
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез денеска во Сараево изјави дека БИХ е само на чекор од поканата за полноправно членство во НАТО, додавајќи дека има сигнали дека ќе добие статус за полноправно членство во Алијансата.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека „нема проблем“ со најавата на опозицијата дека ќе ги бојкотира претстојните избори во Белград на 2 јуни, јави дописникот на МИА од Белград.