Голем број граѓани од српска националност од северна Митровица, како и од други делови на Косово, се упатија на протест кој се организира поради воведувањето такса од 100 отсто на увозите од Србија, но и поради денешните апсења во северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовската полиција, во соопштението по повод утринската акција на специјалните единици РОСУ во северна Митровица, објави дека двајца од четворицата уапсени се полициски службеници, јави дописникот на МИА од Приштина.
Владата на Албанија денеска се изјасни против одлуката на властите во Косово да ги зголемат за 100 проценти таксите за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина.
Приштинските медиуми јавуваат дека состојбата во северниот дел на земјата, по акцијата што утрово ја спроведоа специјалните полициски единици на Косово во северна Митровица, во која се уапсени четири лица, полека се смирува и веќе не се чувствува тензија како утрово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Германската банка за обнова и развој (GWF) и одобри кредит на Албанија во износ од 100 милиони евра за следните две години.
Косовското Специјално обвинителство соопшти дека во акцијата што утрово ја спроведоа специјалните полициски единици РОСУ во северна Митровица се уапсени четири лица осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ и е пронајдено оружје и друг доказен материјал, јави дописникот на МИА од Приштина.
Владата на Косово објави дека денешната акција за апсење на четири лица е во врска со убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, и нема врска со актуелните политички случувања, јави дописникот на МИА од Приштина.
Запленети 166 килограми канабис и два „калашникови“, убиен 39-годишен дилер и еден полесно повреден полицаец е билансот од вчерашната вооружена престрелка во близина на грчко – албанската граница, јави дописничката на МИА од Атина.
Припадници на косовските специјални единици РОСУ упаднаа рано изутринава во северниот дел на Косовска Митровица и уaпсиле четири лица.
Затворската казна од 10 години за 53-годишната хигиеничарка која фалсификувала свидетелство за да се вработи, в понеделник ќе ја разгледа Врховниот суд на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.