Косово не успеа да обезбеди доволен број гласови за прием во Меѓународната полициска организација, при првиот круг на гласање на денешното заседание на Генералното собрание на Интрепол што се одржува во Дубаи.
Делови на Хрватска и Босна и Херцеговина денеска се зафатени од снежни врнежи, во Црна Гора е прогласен црвен метео аларм поради снег и студеното време, а во Србија се очекуваат дождови и силен ветер.
Негативно мислење за Договорот од Преспа, за македонскиот премиер Зоран Заев и за поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас, имаат мнозинството Грци, според политичкиот барометар за месец ноември на грчката агенција за рејтинг „Public issue“ за темите поврзани со надворешната политика, јави дописничката на МИА од Атина.
Европската унија спроведе три истраги против британски судија, кој служел во Мисијата на Унијата на Косово (ЕУЛЕКС), но не ги открива нивните заклучоци.
Претседателството на Босна и Херцеговина денеска ќе ја одржи својата конститутивна седница на која новоизбраните членови на ова тело ќе положат свечена заклетва за стапување на функцијата.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов им наложи на Министерството за внатрешни работи и на Државната агенција за национална бебзедност да извршат проверка на бугарските патни документи издадени на странци во последните пет години.
Заменикот министер за надворешени работи на Косово, Јетлир Зиберај изјави денеска дека борбата што ја води Србија за да го спречи зачленувањето на Косово во Интерпол е најдивата борба што е водена против Приштина од страна на Белград во изминатите десет години, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во Палатата на Република Српска во Бања Лука вечерва е извршено примопредавање на должноста меѓу досегашниот претседател Милорад Додик и новоизбраната Жељка Цвијановиќ.
Шефицата на дипломатијата на Европска Унија, Федерика Могерини најави дека министрите за надворешни работи на следниот состанок на Советот на ЕУ во декември ќе ја разгледуваат ситуацијата во Западен Балкан.
Претставници на Клубот на новинари на Бања Лука во Парламентот на Република Српска делеа беџови „Стоп за насилството над новинарите“.