Податоците објавени од Државниот институт за статистика на Албанија,ИНСТАТ потврдуваат дека во земјата опаѓа бројот на браковите евидентирани во матичната книга на венчани.
Од Србија во текот на годината се иселуваат од 30 илјади до 60 илјади луѓе, од кои четвртина се со високо образование, пишува „Политика“.
Во првите девет месеци од годинава, заради инволвираност во различни кривични дела, во Косово се уапсени 10 и суспендирани над 30 полициски службеници, јави дописникот на МИА од Приштина.
Средновековните грчки градови Крф и Родос се меѓу 50-те историски споменици, дел од листата на светското културно наследство на УНЕСКО, на кои до 2100 година им се заканува целосно поплавување.
Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли испратила писмо до генералниот секретар на ОН во кое бара УНМИК да се повлече од Косово.
Владата се наоѓа во распаѓање и нејзините членови не можат да го скријат тоа дури и зад затворени врати, коментираат од опозициската Нова демократија за вчерашната владина седница.
Европскиот комесар Јоханес Хан за шпанскиот весник „Ел Паис“ изјави дека се надева оти постигнувањето правно обврзувачки договор меѓу Белград и Приштина ќе доведе до тоа петте земји-членки на ЕУ кои не го признаа Косово, да ја преразгледаат нивната одлука.
Десет дена по изборите во Босна и Херцеговина станува се поизвесно дека формирањето на новите владини институции во Федерација БиХ нема да оди ни малку лесно и не е исклучено овој бошњачко-хрватски ентитет да западне во политичка криза.
Синдикатот на пензионираните воени лица на Србија и Здружението на синдикатите на пензионерите на Србија објавија дека на 30 октомври ќе организираат протести во Белград и другите градови поради лошата реформа во пензискиот систем и материјалниот статус на пензионерите и вработените.
Свесен сум дека Косово е чувствителна тема, но политиката на САД во врска со тоа не е новост, изјави американскиот амбасадор во Србија Кајл Скот.