Група од околу 50 маскирани лица, синоќа со молотови коктели, камења и разни предмети ја нападна полициската станица Омонија во центарот на Атина, а полесно беа повредени четворица полицајци.
Без прифаќање на Договорот од Преспа не постои никакво решение, порача шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас по состанокот на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Луксембург и додаде дека дури и со едноставна математика од основно училиште не е можно да се постигне подобар договор за секоја страна, „како што тврдат опозициите во двете земји“.
Самитот на министрите за транспорт на Кина и 16 земји од централна и источна Европа (ЦЕЕ), како и Третиот форум на градоначалници на главните градови од земјите учеснички во механизмот за соработка меѓу Кина и 16 земји на ЦЕE, денеска свечено ќе бидат отворени во Белград.
Претседателот на Косово Хашим Тачи инсистира дека неговиот став во однос на корекцијата на границите со Србија, и покрај противниците на таа идеја, е „заснован на Уставот и законите и не може да се спори“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Потпретседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Агим Велиу, по синоќешната средба со претседателите на партиските ограноци, рече дека во текот на идната недела ќе биде објавено дали опозицијата успеала да постигне договор со пратеници од партиите на коалицијата на власт за изгласување недоверба за актуелната Влада, јави дописникот на МИА од Приштина.
По одлуката на албанскиот премиер Еди Рама да стави крај на нелегалните портали, Агенцијата за електронски комуникации на Албанија (АКЕП) објави список на порталите кои постои опасност да бидат затворени доколку не се регистрираат во Централниот регистер.
На покана на албанскиот претседател Илир Мета, утре во дводневна официјална посета на Албанија ќе допатува принцот Алберт Втори од Монако.
Главната опозициска бугарска Социјалистичка партија поднесе барање за гласање недоверба на Владата на премиерот Бојко Борисов.
Владите на Албанија и на Косово на 26 октомври, во косовскиот град Пеќ ќе ја одржат петтата заедничка седница.
Министерот за внатрешни работи на Косово, Бејтуш Гаши е разрешен од функцијата на барање на неговата партија, Алијансата за ново Косово (АКР) на вицепремиерот и шеф на косовската дипломатија Беџет Пацоли, јави дописникот на МИА од Приштина.