Над една петина од српските граѓани, односно 22 проценти, потенцијално сакаат да се иселат од земјата, покажаа резултатите од истражувањето на тема „Зошто луѓето ја напуштаат Србија“, кое го спроведе организацијата „Србија 21“, во јуни и јули годинава на примерок од илјада полнолетни граѓани.
Со специјален чартер лет од Атина, 177 бегалци, рано утрово заминаа за Минхен, за спојување со нивните семејства кои што се наоѓаат во Германија.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска упати апел до припадниците на Министерството за внатрешни работи да не се демотивираат од политичките обвинувања и да продолжат со нивната ангажираност во постигнувањето на уште подобри резултати во борбата против криминалот.
На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижнини, се појави понуда од 20-на реда, која поради својата иронија, за кусо време стана хит на социјалните мрежи.
Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели даде пауза откако во собраниската сала не се собраа доволно пратеници за одржување на денешната седница, а неизвесно е и дали таа воопшто ќе се одржи, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како коалициски партнер во владата имав обврска да презентирам алтернативен предлог, кој премиерот Алксис Ципрас го знае, но не го одобрува како национална политика, вели грчкиот министер за одбрана Панос Каменос во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, во однос на неговиот план Б за меѓудржавни договори како алтернатива на Договорот од Преспа, претставен на средбата со претставници на американската администрација, при неговата посета на Вашингтон.
Бројот на барања за азил во земјите на ЕУ и Шенген зоната од страна на граѓани од Косово бележи значително намалување во текот на 2018, што се смета како фаворизирачки аргумент за земјата во барањето за визна либерализација, јави дописникот на МИА од Приштина.
Работодавачите во Србија од јануари следната година ќе можат да даваат отказ на вработени кои отвораат лажни боледувања, предвидуваат најновите измени на Законот за работни односи.
Културната јавност во Србија бурно реагира на информацијата дека новата в.д. директорка на музејот Никола Тесла е поранешната градска секретарка за култура Ивона Јевтиќ.
Американскиот амбасадор и координатор за борба против тероризмот, Натан А. Сејлс во текот на идната недела ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, јавува МИА.