По медиумските шпекулации за забрана за престојот на српскиот патријарх Иринеј во Црна Гора, портпаролката на црногорската полициска управа Тамара Павичевиќ, , изјави денеска дека „патријархот на Српската православна црква (Иринеј) ќе може да влезе во Црна Гора", информираше РТЦГ.
Опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК) смета дека актуелната Влада на Рамуш Харадинај веќе нема никаков легитимитет и затоа предвремените избори се неопходни, и тоа до крајот на годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот вицепремиер Фатмир Лимај, изјави дека оваа година со закон ќе биде формирана косовска армија, додавајќи дека тоа може да се случи до крајот на ноември, соопшти косовската телевизија РТК.
На српскиот патријарх Иринеј нема да му биде дозволено да влезе во Црна Гора, информираше црногорскиот весник Побједа, повикувајќи се на висок полицијски функционер.
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, коментирајќи го вчерашниот протест во Вуковар, денеска изјави дека „очигледно во Хрватска постои притисок и голема експанзија на десничарските партии“ и додаде дека тоа се пренесува и на српско-хрватските односи.
Резултатот од референдумот кај нас, но и Договорот од Преспа, во разговор за МИА ги анализира грчката новинарка од радиото „Атина 98.4“ и „Макрополис.гр“, Александра Вудури.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека судот донел независно решение за ослободување на американскиот пастор Ендрју Брансон.
Неколку илјади граѓани од повеќе градови од Босна и Херцеговина денеска протестираа во Вуковар поради непроцесуирање на делата за воени злосторства.
Вредноста на штедните влогови во десетте комерцијални банки во Косово, до октомври годинава достигна над 3 милијарди евра, додека вредноста на кредитите над 2,6 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Приштина.
Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли верува дека следниот успех на косовската дипломатија, по унапредувањето на статусот на државата во Организацијата на франкофонијата, ќе биде зачленувањето во Интерпол во ноември годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.