Незаконски биле укинувањата на бонусите и придонесите за грчки пензионер, според одлуката на Првостепениот управен суд во Солун, со што пензионерот ќе добие назад 11.184 евра.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека српските компании се добредојдени во Албанија, но не и во стратешкиот сектор како што се телекомуникациите.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај одговори денеска на предупредувањата од претседателот Хашим Тачи дека „ќе биде сменет“ доколку продолжи да се противи на идеите за корекција на границите, порачувајќи дека „единствениот начин да се одржат во живот идеите на Тачи се сценаријата за предизвикување немири во северниот дел на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Со пригодна свеченост на која присуствува политичари,дипломати, историчари,претставници на дипломатскиот кор и медиумите одбележана е 90-годишнината од прогласувањето на Кралството Албанија.
Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на денешното отворање на конференцијта „Безбедоносни предизвици на Балканот“, што се одржува во Темишвар, говорејќи за распадот на СФР Југославија и за косовскиот проблем, изјави дека ЕУ се однесувала „како филозовите од Тибет, без да посочи ниту едно решение“.
Договорот од Преспа е основата за пријателство меѓу двете земји. Тој е непопуларен до одреден степен во двете земји, но важен е не само за двете земји туку и за регионот, вели Јанис Армаколас од ЕЛИАМЕП, добар познавач на приликите на Балканот.
Бугарската полиција привела осомничен во врска со убиството на новинарката Викторија Маринова, изјавил владин извор запознаен со истрагата.
Идејата за „разграничување помеѓу Србија и Косово“ како решение за косовскиот проблем, ја поддржуваат 25 проценти од граѓаните, додека 44 отсто се против, покажаа резултатите од истражувањето на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСид).
Косовската партија Збор (Фјала), позната по своите исламистички ставови, смета дека планираната Парада на гордоста, која треба да се одржи утре во Приштина, претставува навреда за граѓаните на Косово и дека нејзиното одржување треба да се спречи, јави дописникот на МИА од Приштина.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги ревидираше своите предвидувања за развојот на грчката економија.