Српскиот претседател Александар Вучиќ, на стратот на денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека се уште е далеку решението за спорот за Косово.
Во две одделени акции, италијанската и грчката полиција запленија 315 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.
Од први јануари наредната година Албанија ќе забрани увоз на возила, постари од десет години.
Лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) Кадри Весели, по денешната средба со неколку министри и членови на партиското Претседателество, изјави дека одлуките за разрешување на министри од редовите на ПДК ја донесува партијата и тој лично, а не одредени личности, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во Европскиот парламент во Стразбур денеска најави дека неговата земја е подготвена да прими бегалци доколку тоа е потребно во знак на солидарност со ЕУ.
Малкумина знаат дека албанскиот премиер Еди Рама не поседува возачка дозвола.
Министерот без ресор во Владата на Србија, задолжен за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ, изјави дека Европската унија не успеала како модератор да донесе успех во преговорите меѓу Белград и Приштина и дека сега е вистинскиот момент за враќање на прашањето за Косово „таму каде му е местото" - во ОН.
Косовската полиција соопшти денеска дека запленила 459 сомнителни банкноти од по 500 евра, во вкупна вредност од 229 илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина.
Програмскиот совет на ХРТ на итна седница со мнозинство гласови прифати заклучок како „директно обраќање до јавноста, но и до Саборот за загрижувачката состојба со прорамите на ХРТ, непочитување на новинарските стандарди, етички норми и медиумски слободи во таа куќа“.
Силно невреме го погоди денеска Дубровник и околината, а поради поројните дрождови поплавени се голем број улици во поширокиот дел од градот.