Албанскиот министер за дијаспора и поранешен премиер Пандели Мајко, смета дека идејата за корекција на границите меѓу Косово и Србија претставува желба на Белград, со цел да ги зголеми тензии во регионот „како една верифицирана дипломатија, благодарение на руската поддршка“.
Министерот за правда на Косово Абељард Тахири денеска понуди оставка на функцијата поради незадоволство од случувањата во правниот сектор, вклучително и мешањето на политиката, објавија косовските медиуми.
Малолетници од реонот на хрватскиот полуостров Истра откриле начин како да порачуваат дрога од Кина преку анонимни интернет порачки, обајви весникот „Глас Пуле“.
Претседателот на Стопанската комора на Косово Берат Рукиќи соопшти дека во последно време се забележува пораст на криминалот и на небезбедноста кај косовските бизниси, јави дописникот на МИА од Приштина.
Лидерот на Партијата за правда, интеграција и единство Шпетим Идризи, позната како партија на Чамите, побара од албанскиот премиер Еди Рама да реагира на изјавата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, во која ја предупреди Албанија да заборави на Чамите доколку сака грчка поддршка за нејзина евроинтеграција.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска пристигна во Русија, каде утре ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти српската Амбасада во Москва.
Грчките медиуми во своите извештаи за вчерашниот референдум во Македона акцентот го ставаат на излезноста и на процентот граѓани што гласаа „ЗА“.
Веруваме дека демократијата е вкоренета во општеството на Република Македонија. Референдумот е највисок демократски чин - со изразената волја на оние кои учествувале во него и имајќи ги предвид оние кои не гласале.
Министерството за одбрана на Црна Гора објави повик за продажба на непотребни пловни објекти опрема и резервни делови во вкупна вредност од 596.210 евра.
Полицајците во Словенија од денеска штрајкуваат со пишување мали казни за прекршоци што не загрозуваат јавна безбедност бидјеќи Владата не исполнува нивни барања за зголемување плати и подобрување на условите за работа.