Новинската агенција Танјуг која со одлука на Владата на Србија е укината на 31 октомври 2015 година, ќе биде приватизирана во октомври, објави Данас.
Грција останува посветена на Договорот од Преспа, објави синоќа грчкото МНР, веднаш по завршувањето на гласањето на референдумот во Македонија за Договорот.
Во Белград денеска почнува дводневен седми Самит на 100 бизнис лидери.
Врз локал во северниот дел на Митровица, кај административниот премин Брњак, синоќа по полноќ било пукано од огнено оружје.
Граѓаните на Косово не треба да се грижат за можен договор со Србија, размена на територии или корекција на границите, бидејќи тоа нема да се случи, изјави денеска премиерот на Косово, Рамуш Харадинај на конференција за новинари по враќањето од САД.
Министерот за одбрана, Александар Вулин, денеска наведува дека претседателот Александар Вучиќ, со кој се состанал утринава, наредил да се зачува постигнатото ниво на борбена готовност и дека ќе се издаде посебна наредба за неговата евентуална промена.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе допатува следниот месец во посета на Белград, каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, дознава Танјуг од дипломатски извори во Белград.
Во тек е акција на грчкиот остров Евија за пронаоѓање и спасување на три лица, кои се водат како исчезнати по силното невреме предизвикано од циклонот „Зорбас“, што зафати делови од островот, додека пак во неколку општини прогласена е вонредна состојба.
Тој потег е во согласност со најавената намера на српскиот оператор да се шири во регионот.
Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, ја предупреди Албанија дека доколку ја сака поддршката на Грција, да не го поставува прашањето за Чамите.