Паника и загриженост владее меѓу жителите на албанското гратче Бурел,околија Пешкопеја,по објавувањето фотографија на која лице облечено во униформа на ИД „се обидува да грабне две деца“.
Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти вели дека заедно со лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа се подготвени да работат на обединување на опозицијата со цел да го спречат натамошното деградирање на владеењето и загрозување на територијата на државата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан во разговорот со косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли побара напредок во дијалогот помеѓу Белград и Приштина.
Околу 88 отсто од граѓаните во четири општини во северниот дел на Косово, каде што живее мнозинското српско население, не веруваат на ниту еден српски политичар во Косово. Околу 99 отсто не веруваат на ниту еден албански политичар во земјата, објави РСЕ.
Албанската Влада издаде еврообврзница на меѓународниот пазар со што ќе ја задолжи државата за 500 милиони евра.
Заменик-шефот на парламентарната група на опозицискиот Сојуз за Србија, Никола Јовановиќ на денешната седница на Градското Собрание на Белград побара да се разговара за поништување на одлуката за продажба на Земјоделската корпорација на Белград (ПКБ) на државата, која потоа го продаде ПКБ по багателна цена и на наместен тендер.
Кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи информира денеска за неговата средба во Њујорк, каде што се одржува Генералното собрание на Обединетите нации, со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар–Китаровиќ, но не ја пренесува нејзината порака дека на Балканот не смее да има промени на границите, јави дописникот на МИА од Приштина.
Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, ги обвини албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ дека целосно се вклучени во планот за размена на територии меѓу Србија и Косово.
Граѓаните на Србија најмногу во регионот ги сакаат Грците, потоа Црногорците, а на трето место се Македонците, покажуваат резултатите од истражувањето на „Фактор плус“, објавени белградскиот весник „Данас“.
Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Њујорк изјави дека национален приоритет на Србија е постигнувањето на политичко решение за косовското прашање.