На влезот во зградата со терминали на аеродромот во Подгорица денеска беше активиран бибер спреј, што не влијаеше на редовното одвивање на авионскиот сообраќај, соопштија аеродромските власти.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов вечерва ги демантираше тврдењата на неговиот заменик Красимир Каракачанов дека Бугарија решила да ја поддржи Унгарија во процесот што Европската Унија сака да го покрене против Будимпешта.
Бугарскиот вицепремиер и лидер на партијата ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов денеска најави дека Бугарија ќе ја поддржи Унгарија во процесот што Европската унија сака да го покрене против оваа земја.
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер регистриран е пополденво во 17:10 часот во Албанија.
Царината на Србија, во соработка со македонски царински службеници, во белградското речно пристаниште заплени 53 тони нафта.
Претставници на Советот за заштита на човековите права и слободи на Косово (КМДЛЊ) се сретнаа денеска со директорот на косовската полиција Рашит Ќаљај, со цел да му изразат поддршка за одлуката да им забрани на полициските припадници да одат на верски служби и да седат во кафеани во текот на нивното работно време, јави дописникот на МИА од Приштина.
Кај српскиот град Бујановац, во близина на македонската граница, денеска е пуштена во сообраќај нова делница од автопатот од Коридорот 10, во должина од 6,6 километри, јави дописникот на МИА од Белград.
Поради коментар на новинар на грчката државна телевизија ЕРТ, кој лидерот опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис го нарече „теоретичар на фашизмот“, партија најави бојкот на телевизијате и нејзини членови и пратеници нема да учествуваат во информативните емисии.
Албанскиот претседател Илир Мета и заменик-помошникот секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт Департментот, Елизабет Милард на денешната средба во Тирана, покрај другото разговарале и за референдумот во Македонија, закажан за 30 септември.
Отпочнувањето на преговорите на Албанија за членство во ЕУ наидува на отпор кај некои членки на ЕУ и тој треба да се надмине преку продолжување на реформите, изјави денеска во Тирана германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, на заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.