Американскиот амбасадор во Србија Кајл Скат изјави дека земјите од Западен Балкан имаат три предизвици - името на Македонија, нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и воспоставување на функционална држава во БиХ, истакнувајќи дека суштинската улога на Србија е да биде столб на стабилноста во регионот, за што ја имаат поддршката од САД.
Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас и порача на официјална Тирана дека критериумите за почеток на преговори за членство во ЕУ се јасни и оти потребни се резултати во реформите за да се убедат скептиците.
САД го поддржуваат дијалогот меѓу Белград и Приштина и за САД не постојат никакви паралели помеѓу Косово и Србија со Република Српска (РС), изјави денеска амбасадорката на САД во Босна и Херцеговина Морин Кормак.
Воздухопловните сили на Романија и Бугарија денеска одржаа координирани вежби, насловени „Син мост 2018“, соопшти бугарското Министерство за одбрана.
Министерот за инфраструктура на Косово Паљ Лекај вели дека користењето на автопатите во земјата можно е да почне да се наплаќа во текот на идната година, но дека во Министерството во тек е изработката на физибилити студија за тоа, јави дописникот на МИА од Приштина.
Папахристопулос смета дека договорот задоцнил, а Зурарис иако е против, смета дека Независни Грци нема да биде потребно да ја турнат владата, бидејќи за ратификација ќе има доволен број пратеници од другите партии.
Демонстранти се судрија со полицијата за време на синоќешните протести во неколку грчки градови кои се одржаа по повод петгодишнината од убиството на раперот Павлос Фисас.
Трите најголеми опозициски партии на Албанците во косовското Собрание, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Движењето Самоопределување (ВВ) и Социјалдемократската партија (ПСД) бараат одржување вонредна собраниска седница, со цел да се ратификуваат меѓународните договори со кои ќе се обезбедат милионски средства од Европската унија наменети за разни реформи, јави дописникот на МИА од Приштина.
Со предавањето на акредитивните писма на алабснкиот претседател Илир Мета, Луиџи Сореца денеска и официјално ја превзеде функцијата претставник на мисијата на Европската унија во Албанија.
Грција денеска најави дека до крајот на месецот ќе премести 2.000 мигранти од островот Лезбос на континенталниот дел на земјата.