Вкупно седум лица се полесно повредени по лизгањето на земјиштето на плажата „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос. Сите повредени биле пренесени во Општата болница на островот, три лица се пуштени, додека пак едно четиричлено семејство од Чешка е задржано на лекување. 34-годишна жена се здобила со повреди на ‘рбетот, додека пак нејзиниот сопруг и двете деца имаат полесни повреди и се превентивно хоспитализирани.
Шефот на албанска држава Илир Мета ја поздрави одлуката на Европскиот парламент за укинување на визите за Косово, оценувајќи го тоа како јасен сигнал за неговата европска перспектива.
Причина за категоричното противење на Белград на приемот на Косово во светската полициска организација е стравот дека доколку Приштина успее во нејзината намера ќе уследат обвиненија против голем број српски полицајци и војници кои извршиле воени злосторства во Косово во 1998-99 година, пишува коха.нет.
Албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави одлуката на Европскиот парламент за укинување на визите за граѓаните на Косово.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Белград ќе ги продолжи разговорите со Приштина, но дека најверојатно нема да биде постигнат договор.
Ставот на Тирана е јасен - поддржуваме дијалог меѓу Косово и Србија, изјави денеска во Скопје албанскиот шеф на дипломатијата Дитмир Бушати по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Изјавата на Бушати беше дадена за ставот на Албанија во однос на можното прекројување на границите на Балканот, во контекст на можниот договор меѓу Србија и Косово.
Неколку балкански земји денеска се приклучија на договор на ЕУ што им овозможува на полициските агенции да ги споделуваат податоци за ДНК, отпечатоци од прсти и податоци за возила.
Суд во грчкиот град Пиреја на припадниците на криминалната група, кои во април минатата година се обидоа да прошверцуваат 1,5 тони марихуана, им изрече вкупна затворска казна во траење 128 години.
Без поддршка од коалициониот партнер Независни Грци, не постои владино мнозинство и потребни се избори, смета лидерот на грчката партија Река, Ставрос Теодоракис во однос на несогласувањата во грчката Влада околу Договорот од Преспа.
Словенечкиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, вели дека се сомнева оти кореткно била пренесена изјавата на претседателот на Словенија, Борут Пахор за проширувањето на ЕУ кон Балканот.