Косовската Влада на денешната седница го усвои Нацрт-законот за трансформација на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во Војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Вооружена екстремистичка група, која себеси се претставува како Албанска национална армија (АНА), објави видео, во кое од албанската и од косовската влада бара да не „тргуваат“ со територии.
- Се слушна бучава и падна мал дел од карпа, потоа втор поголем дел и трет дел што создаде вител во морето што ги преврти чамците, изјави за грчката новинска агенција АНА-МПА, очевидец, член на екипажот на еден брод.
Косовската опозиција денеска повторно ќе се обиде да обезбеди мнозинство во Собранието на Косово за усвојување на резолуција за дијалогот со Србија, со која ќе му се забрани на косовскиот претседател Хашим Тачи да преговара за размена на територии.
Такси компанија „Таксивеј“ од Солун, во соработка со Институтот за одржлива мобилност и транспорт, планира во текот на 2019 година да почне да користи електрични такси возила.
Хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ Буриќ изјави дека Загреб се противи на менување на границите на Балканот.
Европскиот парламент денеска со 420 гласа „за“, 186 „против“ и 20 „воздржани“ се изјасни за укинување на визите за патување на државјаните на Косово во земјите членки на ЕУ.
Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“, уште еднаш го повторува ставот дека Договорот од Преспа без проблем ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент.
Словенечкиот Парламент денеска треба да се изјасни за избор на малцинската Влада на премиерот Марјан Шарец.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, ваквите предупредувања Курти ги изнесе на средбата со амбасадорот на Германија во Косово, Кристиан Хелд, со кого разговарал за актуелната политичка состојба во земјата, со акцент на преговорите за постигнување финално решение за споровите меѓу Косово и Србија.