Косовскиот премиер Рамуш Храдинај изјави дека очекува Европскиот парламент денеска да објави добри вести за либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска ги повтори неговите заложби за, како што вели „корекција на границите“, изразувајќи уверување дека со тоа Косово ќе обезебди принавање на независноста од страна на Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Ова го пишува весникот „Волстрит Џурнал“ повикувајќи се на неименувани американски функционери.
Албанија внимателно следи се што е во врска со дијалогот Белград-Приштина, рече денеска претседателот Илир Мета.
Можностите за поголем развој на воспоставената соработка и функционирањето на двете администрации беше целта на средбата на претставници на царинските управи на Македонија и Србија што во изминатите два дена се одржа во Врање.
На денешниот состанок на Совет за надворешна политика во грчкото МНР, под претседателство на шефот на грчката дипломатија, се отвора патот за формирање на Совет за национална безбедност на Грција.
Освен заканата за промена на границите што му се заканува на Косово, идентични претензии има и Грција кон Албанија, јавуваат албански медиуми.
Црногорската Управа за безбедност на храна, ветерина и фитосанитарни работи за три месеци одзела над 500 килограми лажен мед од пазарот на таа земја.
Во Србија речиси секое петто дете има вишок килограми, осум отсто од нив се дебели, а бројот на дебели деца од година во година постојано се зголемува.
Претседателот на албанскиот Парламент, Грамоз Ручи упати апел до косовските политички сили да бидат единствени во однос на дијалогот и договорот со Србија.