Пратеничката на опозицискиот Демокраатски сојуз на Косово (ЛДК) Вјоса Османи смета дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ со својот говор во Северна Митровица на крајот од дводневната посета на Косово, најавиl тешки времиња за целиот Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.
Катастрофални и неприфатливи за сликата на градот, ги окарактеризира протестите од саботата, солунскиот градоначалник Јанис Бутарис.
- На Балканот, американската дипломатија одигра водечка улога во решавањето на грчко - македонскиот спор за името, е спорниот дел од говорот на Мичел на 21 август, за кој реагирало грчкото МНР, според весникот.
- Признавам дека ова беше еден тежок викенд. Ги ценам напорите за зачувување на безбедноста. Мирните протести најдобро би го прикажале Косово какво што јас го познавам, напиша Делави на Твитер.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас потврди дека разговорите околу отворените прашања со Албанија продолжуваат на ниво на министри за надворешни работи, но е категоричен дека не постои прашање за Чамите (протерани Албанци од областа Чамарија).
Весели во коментар по повод дводневната посета на Вучиќ на Косово тврди дека дозволата на Вучиќ да го посети езерото Газивода му е дадена на инсистирање на меѓународните партнери на Приштина, но дека српскиот претседател и таа дозвола ја злоупотребил.
Доколку постои договор што ќе донесе перспектива за решение меѓу српската Влада и косовската страна, ние ќе го поздравиме, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната прес-конференција во рамки на Меѓународниот саем во Солун.
Зајакнувањето на стабилноста и европската перспектива на регионот биле главна тема на денешната средба на албанскиот претседател Илир Мета и неговиот косовски колега, Хашим Тачи во пристанишниот град Драч.
Српскиот претседател попладнево, по завршниот митинг што го одржа во Северна Митровица, го напушти Косово преку граничниот премин Јариње, информира полицијата.
Бројни единици на косовската полиција се забележани попладнево како се повлекуваат од селото Бање близу Скендерај (Србица), кое денеска требаше да го посети српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.