Шефицата на Канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Приштина Наталија Апостолова изјави дека ЕУ жали поради тоа што на српскиот претседател Александар Вучиќ не му беше дозволено да го посети селото Бање кај Скендерај (Србица), јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, по неуспешниот обид да стигне до селото Бање, откако косовската Влада му ја повлече дозволата за посета на тој регион поради протести и блокади, им се обрати на жителите на тоа село по телефон од Митровица, каде што го одржа завршниот митинг, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во својот говор во Косовска Митровица пред косовските Срби изјави дека Србија нема никакво предлог-решение во Брисел и дека е далеку од постигнување на било какво решение.
Не е ни чудно, бидејќи во Хрватска цените се многу високи. Храна и пијалаци, на пример, поевтино ќе ги платите дури во 12 европски земји, вклучувајќи ги Шпанија и Велика Британија. Според цените за телевизор, компјутери и мобилни телефони сме меѓу три најскапи земји во Европа. А нема да ве утеши ниту фактот дека сметките ги плаќаме 77 отсто поскапо отколку пред 20 години.
Од 28 приведени, осум лица се уапсени, меѓу кои двајца малолетници. Повредени се 15 полицајци, а предизвикана е материјална штета на продавници, објекти, на канти за отпадоци и паркирани автомобили во синоќешните инциденти во центарот на Солун, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Косовскиот претседател Хашим Тачи порача дека блокадата на патиштата против посетата на претседателот на Србија Александар Вучиќ не придонесува за односите меѓу двете земји и го повика месното население да покаже „минимум човечка култура“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Портпаролот на меѓународните сили во Косово - КФОР, Винченцо Грасо изјави дека припадници на овие сили, во координација со институциите на Косово и полицијата на Косово, работат на смирување на ситуацијата, како и за безбедноста на српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српскиот претседател Александар Вучиќ се откажа од посетата на селото Бање во регионот на Дреница, откако косовската Влада му ја повлече дозволата за посета на таа област во која се одржуваат протести на ветераните на Ослободителната војска на Косово (ОВК), јави дописникот на МИА од Приштина.
Во селото Трнава се слушаат истрели, објави српската телевизија РТС, а последните информации од Косово се дека полицијата ја запрела колоната со српскиот претседател Александар Вучиќ која е на пат кон селото Бање.
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави денеска Војската на Србија ќе ја почитува одлуката на претседателот и врховен командант и се што тој ќе нареди ќе биде спроведено.