Српскиот претседател Александар Вучиќ сепак тргна кон селото Бање во општината Србица, иако косовската Влада ја откажа неговата посета бидејќи КФОР и косовската полиција не можат да му гарантираат безбедност.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај претпладнево објави дека ја повлекол дозволата дадена на српскиот претседател Алекдандар Вучиќ за посета на регионот Дреница, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави дека во овој момент во околината на Дреница во Косово, каде што српскиот претседател Александар Вучиќ треба да помине до селото Бање, на пет места се пука, а според него, тоа го прават вооружени ветерани на ОВК, а одговорен е претседателот на косовското собрание Кадри Весељи.
Неколку стотини Албанци, меѓу кои и ветерани на ОВК, утринава го блокираа патот со багери и шлепери кај селото Трнава кон селото Бањица во општина Србица, а во Трнава се слушнале истрели, објави српската државна телевизија РТС.
Прототип на грчката позиција за пристап на соработка и комуникација со сите соседи е Договорот од Преспа, договор кој ги отвора Грците кон светот, а на Солун му дава можност одново да стане престолнина на Балканот, рече грчкиот премиер на свеченотот отворање на Меѓународниот саем во Солун.
До доцна синоќа траеја инцидентите во центарот на Солун по протестот против Договорот од Преспа. Според локалните медиуми, над 20 лица се приведени, најмалку две се повредени, неколку лица се пожалиле на проблеми со дишењето поради солзавецот за време на инцидентите, а предизвикана е и материјална штета на продавници и објекти во центарот на градот.
Најмалку едно лице е приведено, а неколку лица се пожалиле на проблеми со дишењето поради солзавецот за време на инцидентите на протестот во Солун против Договорот од Преспа, според локалните медиуми.
Српскиот претседател Александар Вучиќ укажа денеска по повод изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел во Скопје дека територијалниот интегритет е појдовна точка за тоа дека Балканот треба да остане каков што е, дека е тешко да се одговори на прашањето - зошто за некои во регионот тоа важело во 2008, а денес не важи.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека дошол на Косово со цел да се зачува мирот, стабилноста и обидите да се подобрат односите меѓу Србите и Албанците за во иднината.
Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево пристигна преку преминот Брњак во општината Зубин Поток што е негова прва дестинација од дводневната посета на Косово, јави Танјуг.