Бројот на корисници на мобилни мрежи во Србија се уште го надминува вкупниот број на жители, односно на 100 жители во 2017 година имало 122 корисници на мобилна телефонија.
Наспроти досегашните најави, „корекцијата на границите“ и Заедницата на општините со мнозинско српско население (ЗСО) нема да се најдат на дневен ред на состанокот в петок, на 7. септември, меѓу претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, пишува во денешното издание весникот „Зери“.
Претсеателот на Одборот на Собранието на Србија за Косво Милован Дрецун, оцени дека претседателот на Србија Александар Вучиќ во посетата на Косово на 8 и 9 септември ќе каже како се одвива дијалогот со Албанците и ќе понуди рамки за решение на косовското прашање.
Портпаролот на Независни Грци, Теодорос Тосунидис бара од лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, да одговори „дали ја прифаќа употреба на името на Македонија во името на Скопје“.
Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти порача синоќа, во име на опозизијата, дека Косово мора да се одбрани од „криминалните банди“ на чие чело се раководителите на државните институции, јави дописникот на МИА од Приштина.
Кое беше постојаното барање на скопската страна, поважно и од името? Македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
Вонредната седница на Собранието на Косово, на која треба да се гласа за составот на владиниот тим за преговори со Србија предложен од премиерот Рамуш Харадинај, вечерва нема да се одржи, а продолжението е закажано за утре попладне, јави дописникот на МИА од Приштина.
Германската полиција донираше 10 автомобили во вредност од 127 илјади евра за албанската гранична полиција, наменети за службата за набљудување на границата.
Кремљ се уште нема донесено одлука за можна посета на претседателот Владимир Путин на Србија и Франција, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Вонредната седница на косовското Собрание, на која треба да се гласа за предлогот на премиерот Рамуш Харадинај за владиниот тим кој ќе учествува на преговорите со Србија во Брисел, повторно е одложена и нејзиното продолжение е закажано за денска во 18:30 часот, јави дописникот на МИА од Приштина.