Кремљ се уште нема донесено одлука за можна посета на претседателот Владимир Путин на Србија и Франција, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Одговарајќи на прашање на новинарите дали е познат датумот на посетата на Путин на Србија, Песков одговори негативно, информира руската агенција ТАСС.

На прашањето дали започнале подготовките за оваа посета, тој родговори дека "засега не е јасно". Рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин, претходно денес изјави дека Путин ќе ја посети Србија во октомври или ноември.

Чепурин рече дека политичките односи меѓу Србија и Русија се добри и дека на двете земји им треба повеќе време и значај за да се посветат на економската соработка. Тој најави дека во октомври, пред посетата на Путин на Србија, ќе се одржи меѓувладин комитет за соработка меѓу Русија и Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот во Батајница во август најави дека Путин треба да ја посети Србија во ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 17:28