Тројца министри од бугарската влада денеска поднесоа оставки по автобуската несреќа во која загинаа 17 луѓе и неколкумина беа повредени.
Од 30 до 35 илјади деца во Грција годинава нема да можат да одат во градинка, изјави државниот секретар во грчкото Министерство за труд Димитрис Карелас кој додаде дека минатата година тој број изнесувал меѓу 10 и 15 илјади.
Четворица македонски државјани, жители на Дебар се повреди во сообраќајната несреќа што претпладнето се случила на делницата Булќиза-Ќафа е Буалит, која е дел од автопатот „Руга е Арбрит“, јави албанската агенција Балкан веб.
Грција ќе продолжи да води повеќе димензионална и активна надворешна политика за да се зацврсти сликата на една земја фактор на стабилност, но и фактор на решенија за меѓународните проблеми, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во говорот на почетокот на владината седница, кусо споменувајќи ја и надворешната политика како дел од приоритетите на Владата во новиот постмеморандумски период.
Британскиот весник „Економист“ денеска објави дека можно е „правиот план“ на српскиот и косовскиот претседател, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, да е Србија да ја признае независноста на Косово, а за возврат, северниот дел од Косово да добие автономија.
Британија соопшти дека е против промената на границите на Балканот и дека Србија и Косово треба да го решат проблемот со взаемно признавање.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, во Виена денеска изјави дека е премногу рано да се каже дали воопшто ќе се постигне компромисно решение помеѓу Белград и Приштина.
Поради преместување на водата од едната на другата страна, но и поради отстранувањето на камионите, бродот во кој е во тек гаснењето на пожарот, се навалил за седум степени на десната страна и според грчките медиуми, бил евакуиран, јави дописничката на МИА од Атина.
Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан во Виена изјави дека секој договор меѓу Србија и Косово треба да придонесе за мирот и стабилноста на Западниот Балкан и дека е постигнат напредок во дијалогот помеѓу Белград и Приштина, иако е премногу рано да се зборува за детали.
Значително се намалени жариштата и чадот од пожарот во гаражата на бродот „Елефтериос Венизелос“. Грчките пожарникари веќе трет ден се обидуваат целосно да го изгасат пожарот и да ги отстранат возилата од бродот.