Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, во Виена денеска изјави дека е премногу рано да се каже дали воопшто ќе се постигне компромисно решение помеѓу Белград и Приштина.

Пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Виена, каде што се присутни претставници на земјите кандидати, Дачиќ рече дека Србија е посветена на тоа да се постигне компромисно решение меѓу Белград и Приштина.

- Сепак, многу е рано да се разговара кога ќе биде ова и дали воопшто ќе дојде до компромисно решение, бидејќи не сум сигурен дека и другата страна го сака ова, истакна Дачиќ.

Тој додаде дека компромисот е во најдобар интерес на српскиот и на албанскиот народ.

- Веруваме дека тоа ќе придонесе за стабилноста на целиот регион. Тоа, се разбира, би значело и отворен пат во смисол на европските интеграции и членството во ЕУ, наведе Дачиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2018 13:26