Четири лица починаа од западнонилски треска во Србија во текот последната недела, со што бројот на жртвите од болеста од почетокот на годината достигна 15 лица, пренесе Танјуг.
Министерството за одбрана по наредба на претседателот на Република Србија и врховен командант на војската на Србија Александар Вучиќ почна со изработка на студија за сите модалитети и можности за враќање на задолжителниот воен рок.
Претседателот на Владата на Косово Рамуш Харадинај информира дека побарал од Државната комисија за надзор врз границата да започне со работа за обележување на границата со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Досегашниот технички премиер на Словенија Миро Церар ја напушта таа функција и во иднина ќе биде министер за надворешни работи во новата владејачка коалиција, предводена од Марјан Шарец.
Состојбата во Армијата на Србија никогаш не била полоша, судејќи според зголемениот број офицери кои ја напуштаат војската незадоволни од голем број фактори - од лошата финансиска ситуација, мобингот, непотизмот, непрофесионалноста и крајно понижувачки услови за работа.
Во периодот јануари-јули забележани се позитивни економски показатели во албанската економија, бидејќи извозот се зголемил за 16,8 отсто додека увозот пораснал за само 4,8 отсто, што доведе до намалување на трговскиот дефицит за пет отсто споредено со истиот период минатата година.
Српскиот вицепремиер Расим Љајиќ денеска изјави дека следниот состанок на претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи во Брисел е од клучно значење за решавањето на косовското прашање и оти по тој состанок ќе биде појасно дали проблемот ќе се реши или ќе биде уште еден неуспешен обид.
Настојуваме и скептиците, но и Панос Каменос, да ги убедиме дека Договорот од Преспа ќе биде позитивен и во интерес на Грција, вели министерот за дигитална политика и телекомуникации, Никос Папас во интервју за грчката телевизија Контра.
Материјална штета предизвика силната експлозија што се случи кусо по 2 часот по полноќ во пристанишниот град Пиреас во поширокиот регион на Атина.
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин ја повика Европската унија „да го заузда“ косовскиот премиер Рамуш Харадинај, велејќи дека се заканува со војна и дестабилизација на Балканот.