Министерството за одбрана по наредба на претседателот на Република Србија и врховен командант на војската на Србија Александар Вучиќ почна со изработка на студија за сите модалитети и можности за враќање на задолжителниот воен рок.
Во изјава за Н1, претставник на српското МО потсети дека воениот рок во земјата никогаш не е укинат, туку со одлука на Парламентот на Србија во јануари 2011 година запрена е обврската за редовно служење војска..
- Од тогаш, воениот рок се спроведува на доброволна основа, а остана обврската за заведување во воена евиденција и обврската за служење во резервен состав. Со оглед на тоа дека со запирањето на задолжителна воена служба престана организираната обука на сите способни граѓани за одбрана на земјата, Министерството за одбрана ги анализира ефектите од сегашните решенија во врска со спроведената професионализација и бара оптимално решение што се базира на детална проценка на безбедносните предизвици, ризици и закани, согледување на сопствените искуства и искуствата на странските армии, изјави пшретставник на Министерството за Н1.
Српскиот претседател вчера изјави дека размислува за тоа од 2020 година или 2021 година да биде воведен тримесечен или шестмесечен задолжителен воен рок за мажи.