Во Сараево денеска првпат се сретнаа градоначалниците на Белград, Загреб и на тој град, каде разговараа за унапредување на соработката на трите престолнини.
Словенечкиот парламент денеска го избра поранешниот комичар Марјан Шарец за мандатар за состав на новата влада. Шарец (40), чија Листа на Марјан Шарец (ЛМШ) освои второ место на изборите на 3 јуни, доби поддршка од 55 од вкупно 90 пратеници во парламентот.
Официјалните податоци на грчката полиција покажуваат раст на случаите на запленета марихуна во северниот дел на земјата, во областа Епир, главно кај Јанина.
Српскиот министер за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ денеска за 4 ноември ги распиша изборите за националните совети за малцинствата во Србија, меѓу кои и за македонското малцинство.
Kомитетот за граѓански права, правда и внатрешни работи (ЛИБЕ) на Европскиот парламент ќе ја разгледува визната либерализација за Косово на 29. август, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи ги на РТС изјавите на германската канцеларка Ангела Меркел и на САД за идеите за разграничување, истакна дека Германија и САД веќе ја разграничиле Србија и дека се против менување на границите.
Поранешниот генерален директор на албанската полиција,Ахмет Пренчи, даде силно предуредување кога станува збор за бебедноста во земјата.
Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Приштина вели дека постигнувањето договор меѓу Косово и Србија е во рацете на овие две држави, но им порача на преговарачите дека „не можат да имаат неограничена слобода на дејствување“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во хеликоптер од типот „Ми-8 МТВ“ на хрватското Воено воздухопловство за време на итен медицински лет од островот Раб, се роди женско бебе.
Стопанската комора на Косово и Комората за трговија и индустрија на Албанија најавија долгорочна заедничка кампања за промоција на домашните производи во двете земји, насловена „Купувај албански“, јави дописникот на МИА од Приштина.