Поранешниот генерален директор на албанската полиција,Ахмет Пренчи, даде силно предуредување кога станува збор за бебедноста во земјата.
Според него,во иднина, се очекуваат тешки,сериозни настани,поради поврзаноста на криминалците со власта.
Тој во интервју за тиранскиот весник "Газета шќиптаре" вели дека политичката волја е единствениот инструмент за удар врз криминалот со прекинување на поврзаноста со власта.
- Ниту еден од познатите криминални експоненти, во овие шест години, не добил „закана“ од страна на структурите за спроведување на законот, од единствена причина а тоа е нивниот близок сојуз со власта и владата. Во моментот кога тој однос ќе се распадне, идентично како и мировен договор меѓу самите криминални групи, ситуацијата ќе се смени и ќе се соочиме со сериозни криминални феномени во Албанија, - предупредува Пренчи.
Посочува дека по заминувањето на министерот за внатрешни работи СаимирТахири, немало никаква контрола на територијата да се запленат сите складирани количини на наркотични средства,како и сметките на организираниот криминал од шверцуваните тони дрога.
- Второ, ние не гледаме дека полицијата работи на илјадниците стари одложени досиеја, што ќе предизвикаа удари врз лицата од криминалот, кои,сега, се веќе сигурни во продолжување на нивната понатамошна активност, смета екс гералниот директор на албанската полиција Пренчи,кој се смета за еден од најдобрите полициски експерти.