Литванија ќе ја блокира Србија за отворањето на поглавјето 31 во преговорите, поглавје кое се однесува на надворешната политика, изјави српската министерка за европска интеграција, Јадранка Јоксимовиќ во интервју за „Вечерње новости“.
Грчката крајбрежна стража спаси 36 бегалци и мигранти во близина на островот Сапијенца, крај Пелопонез.
Косовската Влада ги оцени како „луди“ некои од идеите предложени од Работната група за изготвување на Статутот на Заедницата на општини со мнозинско српско население, содржани во записниците што групата ги доставила до владиниот Кабинет, јави дописникот на МИА од Приштина.
Земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди реонот на босанскиот град Зеница, што предизвика вознемиреност кај населението.
Косовскиот претседател Хашим Тачи ги осуди заканите врз обвинителот на Специјалното обвинителство на Косово, Елез Бљакај, кои, според медиумите, беа причина за неговата оставка од функцијата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Грчката криза речиси една деценија беше товар на Европа. Еден период како можни сценарија се посочуваа истапувањето на Грција од Еврозоната или колапс на заедничката европска валута. Но, сега по програмите за спас и доделените кредити во износ од неколку милијарди евра, Грција е во позиција одново да застане на свои нозе
Косовскиот претседател Хашим Тачи, по повод шестата годишнина од смртта на поранешниот лидер на Демократската партија на Албанците и еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор, Арбен Џафери, потсети на неговата улога во унапредувањето на правата на Албанците во Македонија.
Во албанскиот пристанишен град Драч, на 27 август, премиерите на земјите од регионов ќе имаат заедничка средба.
Градоначалниците на општините со мнозинско српско население во Косово, во отворено писмо до претседателот на Србија Александар Вучиќ, побараа од него да не се откажува од Косово и, посебно, од спасувањето на северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Поранешниот генерален директор за проширување на Европската Комисија, Пјер Мирел, во интервју за МИА објаснува дека Македонија требаше да биде одвоена од Албанија за доделувањето датум за старт на преговори и вели дека жали поради одлуката на Франција да го одложи овој процес, јави дописничката на МИА од Брисел.