Литванија ќе ја блокира Србија за отворањето на поглавјето 31 во преговорите, поглавје кое се однесува на надворешната политика, изјави српската министерка за европска интеграција, Јадранка Јоксимовиќ во интервју за „Вечерње новости“.
За Литванија проблематично е одбивањето на Србија да воведе санкции против Русија, согласно одлуката на ЕУ по анкесијата на Крим и војната во Украина.
Министерката не посочи дали други земји ја поддржуваат одлуката на Литванија.
Таа додаде дека иако обично поглавјето 31 не е тешко поглавје, меѓународните односи стануваат се покомплексни, а од земјите кандидатки се очекува да ја усогласат својата надворешна политика со таа на ЕУ, не само кон Русија, туку и сите други земји.
Од Европската комисија за МИА не ја потврдуваат оваа информација истакнувајжи дека скрининг извештајот за поглавјето 31 му е презентиран на Советот, како што е ред пред отворањето на секое поглавје за преговори.
- Советот се уште не ги завршил дискусиите за скрининг извештајот и поради тоа исходот од скринингот се уште не и е соопштен на Србија.