Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска преку својот фејсбук профил порача дека Охридскиот рамковен договор претставува најголема гаранција за правата на Албанците и на стабилноста во регионот.
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека разграничувањето со Косово е само идеја и дека за поконкретни предлози и за компромисно решение би се разговарало во септември.
Неколку десетици босански граѓани протестираа денеска во северозападниот град Бихаќ против одговорот на Владата за приливот на мигранти од Блискиот Исток и Азија.
Генералниот секретар за цивилна заштита Јанис Тафилис прогласи вонредна состојба во областа Псахни на островот Евија. Пожарот кој избувна вчера, денеска е ставен под контрола.
Претседателот на партијата Движење за обединување (ЛБ) Ваљон Мурати ги смета за апсурдни тврдењата на бројни косовски политичари дека промената на границата со Србија ќе донесе војна и истакнува оти со таквите изјави се настојува да се предизвика паника во јавноста, јави дописникот на МИА од Приштина.
Потпретседателот на српската Влада и министер за внатрешни работа Небојша Стефановиќ изјави дека барањето на опозицијата за апсење на претседателот на Србија, Александар Вучиќ претставува „повик за пуч“.
Големиот пожар што избувна вчера во централниот дел на грчкиот остров Евија, поради кој беше спроведена евакуација на околу 500 лица од две села и еден манастир, денеска е ставен под контрола.
Досегашниот заменик министер за надворешни работи на Косово Ѓерѓ Дедај, кој е веќе именуван за амбасадор во Македонија, упати навреди кон сите кои се противеа на ова негово именување, нарекувајќи ги „кравари“, „пратеници на срамот“, „новинари платеници“ и слични навредливи епитети, јави дописникот на МИА од Приштина.
Европскиот општ суд ја прифати судската постапка на повеќе семејства против Парламентот и Советот на ЕУ за недоволно амбициозни цели за намалување на емисијата на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина до 2030 година.
Претседателот на Партијата за деморкатско дејствување (ПВД) од Прешевкста Долина, Риза Халими смета дека можното припојување на оваа територија со Косово би претставувало исполнување на дамнешните амбиции на Албанците од тој регион, но има резерви за времето во кое се појави овој предлог, јави дописникот на МИА од Приштина.