Српскиот професор по право Срето Ного, кој е претседател на Здружението на граѓани „Осиромашен ураниум“, поттикнувач на иницијативата да се тужат земјите на НАТО и граѓаните да добијат отштета, изјави дека очекува во октомври да бидат напишани првите тужби.
Русија ја поддржува Србија во решавање на косовскиот проблем, а Србија никогаш нема да потклекне на антируската хистерија и нема да воведе санкции кон Москва, изјавија по средбата во Москва министрите за одбрана на Србија и Русија, Александар Вулин и Сергеј Шојгу.
Мислам дека треба четирите општини од северниот дел на Косово да се реинтегрираат во територијалниот состав на Србија, да се обезбеди највисок меѓународен стандард на заштита на српскиот народ на Косово, и да се заштити црковниот имот, а за него да се побара некој вид на екстериторијалност, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
По завчерашното осумкратно убиство, што се случи во селото Ресул кај Валона, кога маж уби осум а повреди шест негови роднини, албанската опозициска Демократска партија го обвини премиерот Еди Рама за отсуството на било каква реакција од негова страна, „продолжувајќи го мирно одморот со семејството“.
Серија земјотреси со помал интензитет се регистрирани во североисточниот дел на Албанија за само неколку часа, по вчерашниот во 17:38 часот кој беше со јачина од 5,1 степен според Рихтер.
Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала поладнево е регистиран во реонот на централниот албански град Бурел.
Едно лице кое се здобило со изгореници при минатомесечниот голем пожар во грчкиот регион Атика им подлегна на повредите, со што бројот на жртвите од огнената стихија се искачи на 94.
Снајперисти Албанци се борат на страната на Фронтот Ал Нусра во Сирија и како што самите изјавуваат на фронт заминуваат „според потребата на нивните браќа“.
Српската опозициска Либерално демократска партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ денеска оцени дека шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ ја искористил посетата на портпаролката на руското Министерсво за надворешни работи, Марија Захарова на Србија, за уште еднаш да испрати пораки за кавга со земјите во регионот и западните држави.
Амбасадорот на Грција во Русија, Андреас Фриганас е повлечен и ќе биде заменет со друг дипломатски претставник, соопшти грчки допломатски извор.