Косовскиот претседател, Хашим Тачи останува на идејата дека треба да се постигне договор со Србија за корекција на границата меѓу двете држави, со тоа што Прешевската Долина ќе се припои кон Косово, но смета дека еден таков договор тешко дека ќе се прифати од Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.
Албанското министерство за Европа и надворешни работи остро ја осуди „употребата на јазикот на омраза и антиалбанските расистички извикувања“ на вчерашното одбележување на Илинден на Мечкин Камен со надеж дека ваквите недолични однесувања ќе останат само изолиран случај.
Изгорени кафези за папагали, спасено куче по повеќе од три дена, куче што му се врати на семејството, миленичиња кои останаа без домови, се само дел од среќните и тажни приказни во кои протагонисти се животните, по катастрофалните пожари на 23 јули во источниот дел на областа Атика.
Црногорската полиција заплени два тона хашиш во рамки на меѓународна акција која самата ја иницирала, јавија локалните медиуми.
Естрадните менаџери во Србија се први на списокот за плаќање даноци и должни се до понеделник да достават договори за своите приходи, објави даночната управа на Србија.
Албанската полиција ја финализираше акцијата насловена „база“ откривајќи во Тирана објект со оружје и муниција, од каде се снабдувале криминални групи и поединци.
Словенечката полиција утрово ги евакуираше присутните на главната железеничка станица во Љубљана и жителите на околните згради поради оставена сомнителна торба. Торбата била забележана околу 7 часот утрово на железничката станица, по што полицијата го блокирала целиот реон.
Две жени се полесно повредени кога еден патнички воз утрово излетал од шини во централна Грција, објави грчката државната новинска агенција АНА-МПА. Возот, кој сообраќал од градот Лианоклади за Стилида, удрил во ѕидот на локалната железничка зграда, додека влегувал во железничката станица во Лариса.
Најмалку четири лица се повредени во силното невреме што вчера ја погоди Словенија. Словенечките медиуми јавија дека молња удрила на подрачјето на Велика планина кај Камник при што биле повредени четири лица.
Бројот на идентификувани жртви од катастрофалните пожари во источниот дел на областа Атика, според соопштението на противпожарната служба на Грција, изнесува 85 лица, од кои четворица им подлегнаа на повредите во атинските болници, а 81 лице беше идентификувано во Дирекцијата за криминални истраги на грчката полиција.