Српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ изјави за белградски „Новости“ дека Србија во преговорите со ЕУ до крајот на оваа година тешко дека ќе може да го отвори поглавјето 31 кое се однесува на надворешната, безбедоносната и одбрамбената политика.
Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, реагираше во врска со последниот извештај на американскиот Стејт департмент,во кој се констатира дека „Албанија е земја каде тешко се води бизнис“.
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска реагираше на гласините дека во финалната рунда на дијалогот со Србија ќе се разговара за поделба на Косово и за размена на територии, катеогрички порачувајќи дека нема да има делба на Косово и дека нема да се прифати ниту да се разговара за такво нешто, јави дописникот на МИА од Приштина.
Хрватската метеоролошка управа денеска прогласи црвен метеоаларм на целото јадранско крајбрежје - од Истра до границата со Црна Гора, во очекување на исклучително топло време и високи температури.
Инфромациите дека Велика Британија не го вклучила косовскот прашање на листата на теми за кои треба да се разговара за време на нејзиното претседавање со Советот за безбедност на ОН во текот на август, во Србија наиде на остри рекации, а настанот го прокоментира и српската премиерка Ана Брнабиќ.
Американскиот Стејт департмент во својот извештај за инвестициската клима во Албанија за 2018 година изразува загриженост во врска со корупцијата и нетранспарентноста на тендерите.
„ПЈРМ: За 30 септември закажан референдумот“; „На 30 септември референдумот во ПЈРМ“; „На 30 септември референдум во ПЈРМ за Договорот од Преспа“; „Кое е прашањето на раферендумот во ПЈРМ на 30 септември?“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за распишаниот референдум кај нас.
Руската компанија РЖД почна со изградба на брзата железничка линија Стара Пазова - Нови Сад, која е првата 40 километарска делница од планираната брза пруга што ќе поминува низ Србија по коридорот север - југ.
Грција ќе мора строго да се придржува кон програмата за реформи, вклучително и кратењата на буџетот и зголемувањата на давачките, доколку сака да продолжи да биде атрактивна за странски кредитори, изјави гувернерот на централната Банка на Грција, Јанис Стурнарас.
Како поминуваат деновите, бројот на загинати во катастрофалните пожари во поширокиот регион на Атина, дополнително се зголемува. И една седмица подоцна, уште никој не може да поверува како за само неколку часа огнената стихија одзеде над 90 животи.