По наредба на албанското Обвинителството за тешки кривични дела, Судот во Тирана нареди да биде запленет имот на поранешниот државен јавен обвинител на Албанија, Адриатик Лала, поради сомнеж дека е стекнат на незаконски начин.
Меѓутоа, според Додик, оваа бројка е преувеличена. - Во Хашкиот трибунал има неколку пресуди во кои се говори за 3.500 до 5.000 загинати, а во Извештајот се наведени 8.700, изјави Додик.
Сообраќајна несреќа, во која беше вклучена и придружбата од протоколот на косовскиот претседател Хашим Тачи, се случи попладнево на магистралниот пат Приштина-Пеќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовската опозициска партија Движење Самоопределување (ВВ) соопшти дека денеска, при излегување од Косово за Албанија, на граничниот премин меѓу двете земји, е упасен нејзиниот активист Шкелќим Морина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Нов пожар изби попладнево во источниот дел на областа Атика во поширокиот регион на Атина, кој исто како и оној од претпладнево во западниот дел на истата област, се уште не е ставен под контрола.
Потпретседателот на грчката итна помош Милитиадис Милонас, во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ, рече дека едно лице го загубило животот во пожарите во источниот дел на областа Атика, додека пак 25 лица се повредени и пренесени во болница, од кои 6 се во сериозна состојба.
Грција доставила барање за меѓународна помош во гаснењето на пожарите, соопштија од грчката противпожарна служба.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и нема да присуствува на свеченоста во Мостар, каде што требаше да биде награден од Центарот за мир и мултиетничка соработка, поради сериозната ситуација со пожарите во областа Атика, и итно се враќа во Атина.
За Бошњаците во Санџак, Александар Вучиќ не е претседател, Ана Брнабиќ не е премиерка, ниту Ивица Дачиќ и Александар Вулин се министри, изјави денеска во Нови Пазар претседателот на Бошњачкиот национален совет (БНС) во Србија, Сулејман Угљанин,
И покрај напорите на грчките пожарникари, силниот ветер со голема брзина го прошири огнот и голем број куќи и автомобили изгореа, дел целосно, дел претрпеа материјална штета.