Српската православна црква била запрепастена од потегот на Синодот на Бугарската православна црква за преземената иницијатива на Македонската православна црква – ОА за признавање на нејзината автокефалност од страна на БПЦ.
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан во Брисел на заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама најави почеток на скриниг процесот, како прв чекор кон отворање на пристапните преговори меѓу Албанија и ЕУ во јуни 2019 година.
Албанија не се наоѓа високо на листата најпосетени земји во Европа. Годишно, за споредба, кај нашите западни соседи одат 80.000 британски туристи, а во Грција, на пример - три милиони, и во Хрватска - 765.000 гости од „островот“.
Советот на директори на Европскиот механизан за стабилност (ЕСМ) одобри исплата на последната транша од програмата за спас на Грција.
Пратеници од опозицијата во косовското Собрание покренаа иницијатива за вонредна парламентарна седница, откако од кабинетот на претседателот Хашим Тачи вчера информираа дека тој формирал тим за преговорите со Србија, со претставници од партиите на власт, јави дописникот на МИА од Приштина.
Автобус што сообраќал на релација Атина – Драма, кусо пред шест часот утрово, од за сега непознати причини излетал од патот, се превртил, а сите 13 патници поминале со полесни повреди.
Претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис од парламентарната говорница упати остри критики и обвинувања до грчката коалициска Влада, за време на расправата во Парламентот за нацрт законот за локална самоуправа.
Прво соседната земја да ги исполни обврските од Договорот, а потоа, во јануари, февруари, ќе разговараме со коалицискит партнер за да видиме како ќе го придвижиме процесот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели е убеден дека до крајот на оваа година граѓаните на Косово ќе можат да патуваат во Европа без визи, јави дописникот на МИА од Приштина.
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис синоќа во Загреб изјави дека Хрватска е „докажан американски сојузник“ и вети помош во модернизацијата на хрватската армија.