Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис најави дека по самитот на НАТО во Брисел ќе ја посети Хрватска, каде ќе учествува на средба на министрите за одбрана на членките на Јадранската повелба во која влегуваат и Македонија, Албанија, Босна и Црна Гора.
Меѓународниот претставник во Босна Валентин Инцко денеска побара судството итно да реагира по изјавата на српскиот политичар Рајко Васиќ, кој се закани со нов геноцид врз Бошњаците.
Во Србија се регистрирани 11 случаи на заболени од западнонилска треска, од кои девет се потврдени, информираа од Институтот за јавно здравје на Србија „Др.Милан Јовановиќ Батут“.
Косовскиот претседател Хашим Тачи изрази надеж дека во наредните денови Косово ќе добие многу добри вести од Европската унија во врска со визната либерализација,
Вон животна опасност е 16-годишниот бегалец од Сирија, кој вчера беше повреден на Лезбос, откако 78-годишен земјоделец со ловечка пушка пукаше кон него и го повреди во пределот на главата и нозете.
Албанскиот премиер Еди Рама заработи кривична пријава поради „прикривање на вистина“ во случајот со прислушуваните разговори на Агрон Џафај, брат на актуелениот министер за внатрешни работи Фатмир Џафај, кој во Италија е осомничен за трговија со дрога.
Српската полиција, во соработка со Агенцијата за безбедност и разузнавање, уапси директори на три компании, кои се осомничени дека увезувале во земјата опасни материи.
Во обвинителството во Белград денеска беше сослушан 34 годишниот Горан Абдулов, осомничен дека во неделата со нож го убил 24 годишниот Марко Радовиќ, со кого бил во врска.
Косовскиот претседател Хашим Тачи потсети денеска на масакрот во Сребреница, кој се случи на денешен ден пред 23 години, порачувајќи дека Косово никогаш нема да се откаже од потрагата по вистината и казнувањето на авторите на такви злосторства, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за грчката агенција АНА-МПА вели дека е оптимист дека Албанија и Грција ќе постигнат договор за „еден нов стратешки документ за соработка“.