Во првите шест месеци од оваа година буџетот на Косово инкасирал нешто помалку од три милиони евра од казни за сообраќајни прекршоци, што е речиси двјно повеќе одошто во истиот период минатата година, информира директорот на Сообраќајната полиција на Косово Самедин Мехмети.
Срби и Албанци- кој пат понатаму, е тема на меѓународната конференција, која денеска ќе се одржи во Белград, во организација на агенцијата Танјуг и албанската новинска агенција АТА.
Стотици граѓани, меѓу кои и свештени лица и префектот на грчката област централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас, вчера се собраа на плоштадот во Вергина да протестираат против Договорот од Преспа.
„Непријателски чин“ е одлуката за испраќање на двата офицери во Косово, без консултација со Србија, изјави денеска на ТВ Пинк српскиот министер за одбрана Александар Вулин.
Грчкиот европратеник, левичарот Стелиос Кулоглу, очекува позитивен исход од претстојниот референдум за името во Македонија. Смета дека без сомнение Договорот ќе биде ратификуван и во Парламентот на Грција.
Неусогласеноста е утврдена со самоконтрола, а известувањето за неусогласеноста го доставила Финска, соопшти денеска Агенцијата за безбедност на храна на БиХ.
Рударите на најголемиот косовски рударски комбинат „Трепча“ денеска стапија во генерален штрајк, во знак на незадоволство од изготвениот предлог за статусот за комбинатот, како и поради игнорирањето на нивните барања од страна на надлежните институции, јави дописникот на МИА од Приштина.
Откако ја поддржа иницијативата на опозициската Нова демократија за гласање недоверба на Владата на Грција, по што беше и исклучлен од неговата партија Независни Грци, потпретседателот на грчкиот Парламент, Димитрис Каменос денеска поднесе оставка од функцијата.
Српскиот претседател Алекандар Вучиќ го прими денеска заменик помошникот на државжниот секретар на САД Пит Мароко, со кого разговараше за билатералните односи и состојбата во регионот, објави Кабинетот на Вучиќ.
Лидерот на албанските опозициски демократи, Љуљзим Баша отпатува во ненајавена посета на САД, каде ќе има низа средби со официјални лица.