Косовскиот претеседател Хашим Тачи, на покана на неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, кој беше повторно избран на чело на државата на неодамнешните претседателски избори, отпатува за Турција, каде што ќе присуствува на инаугуративната церемонија, јави дописникот на МИА од Приштина.
„Топол пречек“ поради Договорот од Преспа му подготвуваат на грчкиот премиер граѓани од Солун, кои преку социјалните мрежи организираат протест пред хотелот каде што вечерва Алекис Ципрас ќе говори на годишното генерално собрание на Федерацијата на индустрии од северна Грција.
Шест видови производи се повлечени од пазарот во Босна и Херцеговина изминатиот месец, за кои е утврдено дека нивното користење е ризично. Од нив, пет се наменети за деца.
Косовскиот претеседател Хашим Тачи ја доби поддршката од партиите на власт да го предводи процесот на преговори меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
СИРИЗА и Независни Грци ќе најдат урамнотежено решение, а кохерентноста на владата не е доведена во прашање, вели министерот без ресор на Грција и портпарол на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за информативниот портал „Дикеологитика Њуз“.
Мирни протести против Договорот од Преспа и против владата, синоќа се одржаа во Солун и во градовите Хања и Ираклио на грчкиот остров Крит.
Речиси 6 од 10 Грци или 58 проценти го оцениле договорот од Преспа како негативен, покажува новото истражување на јавното мислење во Грција. Триесет проценти од испитаниците на прашањето како го оценувате Договорот од Преспа одговориле позитивно.
На дневниот ред на Самитот за Западен Балкан што во вторник ќе се одржи во Лондон, нема да биде потпишана Декларација за формирање на Регионална комисија за утврдување на фактите за жртвите од војните на територијата на поранешна Југославија од 90-тите години на минатиот век (РЕКОМ).
Честитајќи му ја победата на Ердоган, кој победи во првиот круг од претседателските избори на 24 јуни, Вучиќ истакна дека „Србија ќе продолжи да биде достоен партнер на Турција и на нејзиното лидерство“.
- Припадниците на Секторот за вонредни ситуации, заедно со тимовите за цивилна заштита, се на терен и ја следат ситуацијата, со цел по потреба веднаш да дејствуваат, наведе Мариќ.