Претседателот на Србија Александар Вуќиќ по обиколката на железарата во Смедерево Хестил Србија, која е во сопственост на кинеската компанија „Хбис груп“, изјави дека очекува една кинеска компанија да се јави на тендерот за стратешко партнерство за Рударско-топионичарски басен (РТБ) Бор.
„Узо фест" - фестивалот посветен на производот карактеристичен за грчкиот остров Лезбос, како и за цела Грција - узото, започнува утре во гратчето Пломари.
- Само со такви чекори можеме да поставиме односи за европски Балкан, демократски Балкан, кој нема да биде загрозен од национализми, фобии, и свртеност кон самите себе, туку ќе биде стабилен и ориентиран кон заедничка соработка, рече тој на заедничката прес-конференција во Солун.
Претставници на полициите на Косово и Србија се сретнаа првпат со посредство на Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово - ЕУЛЕСК, за да разменат информации за истрагите во врска со убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Грчката владејачка партија, Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) на премиерот Алексис Ципрас би можела да ја прифати партијата Потами како евентуален партнер во Владата врз основа на „јасно програмско поле на зближување“, изјави денеска грчкиот министер за внатрешни работи Панос Скурлетис.
Доверителите на најголемата приватна компанија во Хрватска, „Агрокор“, го одбрија договорот за надмирување на долговите на холдингот, во што ќе се вклучат две руски банки кои ќе преземат 46 отсто од акциите.
Десетици рудари на најголемиот косовски рударски комбинат, „Трепча“, протестираа денеска пред Собранието на Косово, со барање за исполнување на неколку нивни барања упатени до Парламентот и Владата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Речиси 7 од 10 Грци го оценуваат „веројатно негативно“ или „сигурно негативно“, Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, според истражувањето на агенцијата MRB спроведено меѓу 22 и 29 јуни годинава, преку директни интервјуа со вклучени 2.000 граѓани со право на глас.
Пожарот избувна вчера, а шефот на противпожарната служба Јанис Марангакис изјави дека изгореле околу 60 хектари шума и растенија, како и 10 хектари земјоделско земјиште.
Босна и Херцеговина треба да земе пример од Софија, Скопје и Атина, кои успеаја да ги надминат меѓусебните разлики и да потпишат договори за добрососедство и за името на Република Македонија, и по тој пример да најде решенија за своите проблеми, изјави денеска во Сараево бугарскиот премиер Бојко Борисов.